Фо

Триесет и четиригодишен скопјанец е уапсен откако украл автомобил од паркинг на пазарчето во скопската општина Ѓорче Ѓетров.

Вчера по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистички работи Ѓорче Петров уапсен е Е.Х. (34) од Скопје, поради тоа што истиот ден од паркинг покрај пазарчето во Ѓорче Петров одзел патничко моторно возило „југо 45“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.П.(65) од Сарај.

Возилото, како што извести полицијата е пронајдено во с.Рашче и вратено на сопственикот и со ова е целосно расчистено кривично дело по член 242 од Кривичниот законик одземање на моторно возило.

По документирање на случајот против Е.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.