Четириесет и петгодишен скопјанец е уапсен вчера откако полицијата го сомничи за кривично дело разбојништво.

Според МВР, во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција е лишено од слобода лицето Н.Д.(45) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“.

Тој на 18.06.2021 во населба „Илинден“ со употреба на физичка сила од Л.Т.(74) одзел пари. По насоки на Јавен обвинител тој е задржан во Полициска станица Кисела Вода, а по комплетно документирање на материјалот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.237 од Кривичниот законик.