Фото: Илустрација

Полицијата го уапсила 33-годишниот скопјанец Н. М. ноќеска околу еден часот по полноќ, на подрачјето на Бит-пазар, по претходна пријава на 29-годишник од Скопје дека неколку дена бил вознемируван од него.

Според пријавата, Н. М. исто така пукал со пиштол кон станот на 29-годишникот, во инцидент во кој немало повредени.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мреки за расчистување на случајот.