По извршени 33 тешки кражби полициски службеници од Отсекот за општ криминал при Oдделението за криминалистичка полиција во СВР Битола, во координација со полициски службеници од Отсекот за општ криминал при Одделението за криминалистичка полиција во СВР Охрид на 06.03.2021 лишиле од слобода 21-годишно лице од Скопје поради сомнение дека извршил повеќе кривични дела, „тешка кражба“ и „кражба“ на подрачјето на Битола и Охрид.

По целосно документирање на случајот, СВР Битола и СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, против осомничениот ќе поднесенат кривични пријави за извршени вкупно 33 кривични дела.

Од нив 23 ги извршил во Битола, односно две кривични дела „тешка кражба“ во продавница, две кривични дела „тешка кражба“ на велоспипед, две кривични дела „кражба“ на велосипед и 17 кривични дела „тешка кражба“ во патнички возила, додека, на подрачјето на Охрид извршил вкупно 10 кривични дела, од кои две кривични дела „тешка кражба“ на велосипед и осум кривични дела „тешка кражба“ во патнички возила, соопшти полицијата.

М.М.