Полицијата уапси 48-годишен скопјанец осомничен за силување 14-годишно девојче на кое му бил очув. Тој го извршил кривичното дело пред една година, а полицијата го нашла утринава во шума помеѓу скопските села Паничари и Буковиќ.

Според информациите од МВР, на 26 септември минатата година било пријавено во полиција дека Ф.Т.(48) од Сарај извршил обљуба врз 14 –годишно девојче од село од општина Липково.

Подоцна, во разговор со полициски службеници девојчето изјавило дека нејзиниот очув и претходно, уште кога имала 12 години, во повеќе наврати извршил обљуба врз неа.

Ф.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.