Шеесет и седумгодишен скопјанец е приведен синоќа, на ул. Лука Геров  во Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, постапувале по пријава на неговата сопруга С.Ј.(58) дека извршил семејно насилство во семејниот дом.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.