Радовишанец на возраст од 24 години по кој била распишана потерница поради бегство од срумичкиот затвор, бил пронајден и уапсен во текот на вчерашниот ден.

Како што информираат од МВР, на 29 март во 16:30 часот, полицајци од полициската станица Радовиш го уапсиле 24-годишниот Ф.Ј.

Во вечерните часови уапсениот бил предаден во струмичкиот затвор, за отслужување на неговата казна.