Побегнат пациент од Психијатриска болница Негорци по кого била распишана централна потерница бил уапсен во претпладневните часови на 28 ноември.

Како што информираат од МВР, 48-годишниот пациент бил уапсен од полицајци од полициската станица во Радовиш, по што околу 14 часот истиот ден повторно бил предаден во установата.