Според црногорската полиција, во Херцег Нови полицијата го уапси Македонецот И.А. (45) поради затајување на данок и придонеси во висина од речиси 100.000 евра.

За истото кривично дело е осомничен и неговиот сонародник О.О. како и компанијата „Амир Ко” од Тиват, во која лицата беа извршни директори.