Во попладневните часови на 28 април, на улицата Петре Прличко во Велес, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот велешанец А. С. поради сомнение за сторено кривично дело лихварство.

Тој бил уапсен при земање обележани банкноти, а по претходна пријава на 33-годишен маж од Велес дека во периодот од мај 2020 до април година за земени 100 евра во денарска противвредност, поради притисоци и закани, на А. С. му вратил околу 30.000 денари, а му побарувал уште 90.000 денари како камата.

Врз основа на судска наредба бил извршен и претрес во домот на лихварот, при што биле пронајдени и одземени четири мобилни телефони и документација (нотарски акти за недвижен имот и уплатници за трансфер на парични средства во износ од приближно 4.000.000 денари).

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.