Во вечерните часови на 19 мај на булеварот „Мајка Тереза” во Скопје, бил лишен од слобода Р.К. (36) од Скопје, по добиена судска наредба, заради доиздржување на затворска казна во затворот „Идризово“.

Како што информираат од МВР, за Р.К. била распишана централна потерница за лице осудено на вкупно 10 години и 9 месеци казна затвор.

Лицето било предадено во полициската станица Центар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во затворот „Идризово“ за доиздржување на казната.