Четириесетгодишен маж е уапсен доцна синоќа на булеварот Крсте Петков Мисирков во Скопје откако претходно ограбил кафеана на Бит-пазар.

Приведен е Џ. И. (40) од с. Страхојадица, општина Зелениково, поради сомнение дека со употреба на сила влегол во угостителски објект на улицата Битпазарска, сопственост на Б. Б. (34) од Република Турција, а со живеалиште во Велес, и одзел техничка стока и пари. Во близина на местото биле пронајдени некои од предметите, а Џ. И. бил приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.