Триесет и четиригодишник од струмичкото село Баница е уапсен од полицијата како осомничен дека на 28 април, со автомобил удрил во четиригодишно дете на струмичката улица Никола Тесла, по што побегнал од местото на незгодата.

Во врска со овој случај медиумите пренесоа дека повреденото дете е во тешка состојба.

Триесет и четиригодишникот управувал автомобил „форд ескорт“, со скопски регистарски ознаки, а откако удрил во детето не запрел, туку продолжил да вози.