Ноќеска полицијата уапсила тројца сопственици на кафеана во Тетово, бидејќи организирале веселба со околу 200 гости.

Според полицијата на 18.07 во 03.05 часот во угостителски објект во Тетово од страна на полициски службеници од слобода биле лишени лицата С.Т.(26), М.Г.(26) и Н.П.(26), сите од Тетово, сопственици на објектот, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело казниво по член 206 од Кривичниот законик.

Тие постапувале спротивно на здравствените прописи за време на епидемија и во објектот организирале веселба со околу 200 гости.

Исто така, приведени биле и присутните Х.В.(20) и В.В.(35), двајцата од Тетово, бидејќи агресивно се однесувале кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат надлежните.