Секторот за недозволена трговија на дрога, оружје и опасни материи во соработка со охридската полиција, вчера уапсиле двајца охриѓани – А.А. (47) и Т.А. (51).

При претрес извршен по судска наредба, во домот на А.А. биле пронајдeни и одземени една ќеса со семки од канабис и две ќеси со кафеава прашкаста материја.
Дополнително, во домот на Т.А. биле пронајдени и одземени еден гасен пиштол марка „екол“ и пет гасни куршуми.

Предметите се предадени на вештачење, а по документирање на случајот СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.