Полицијата поднесе кривична пријава против три лица од струшко кои се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување.

Од МВР велат дека пријавените, во текот на 2017 година, како службени лица – вработени во правен субјект во државна сопственост во Охрид, при вршењето на службените должности на работни места возачи, користејќи ги задолжените безготовински картички за дополнување на гориво, покрај во службените, точеле гориво и во сопствените приватни возила.

Притоа, прикажувале лажни сметки и налози со што се стекнале со противправна имотна корист од 640.040 денари.