Три лица се приведени со марихуана и екстази во Градскиот парк во Скопје.

Како што информира полицијата, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк во Скопје ги лишиле од слобода Р.Ц.(29), М.Н.(26) и Ф.Ј.(27) од Скопје затоа што при извршенa контрола, кај нив биле пронајдени марихуана, екстази и бела прашеста материја.

Тројцата биле приведени во Полициската станица Карпош и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.