Две лица се тешко повредени откако со автомобил удриле во заштитна ограда на автопатот Неготино-Градско и се превртеле. На местото на настанот пристигнало возило на ЈЗУ Здравствен дом Неготино, во кое удрил автомобил „фиат фиорино“, а потоа во него удрило друго возило „киа рио“. Во овој инцидент повреден е возачот на „киа рио“.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Неготино.