Против тројца малолетници, двајца од Тетово и еден од Озормиште, СВР Тетово поднесе кривична пријава поради основано соменение дека се сторители на 13 кривични дела од кои шест „тешки кражби“, три „тешки кражби во обид“ и четири „кражби“, информираа од тетовската полиција.

-Л.Ч.(15) и Б.М.(16), двајцата од Тетово и А.З.(17) од село Озормиште се осомничени дека во периодот од 29 јуни до 4 септември годинава со употреба на алат влегувале во верски објекти, куќи, фудбалски клуб и други објекти во Тетово. Откако ќе провалеле тие одземале пари, мобилни телефони, спортска опрема, акумулатори, машина за перење возила и украсни дрвца со што се стекнале со противправна имотна корист во висина од околу 229.600 денари -информираат од полицијата.