Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која 15 минути по полноќ се случила на регионалниот пат Кавадарци-Ресавска спирка.

-Патничко моторно возило “Фиат Пунто“ со кавадаречки регистерски таблици управувано од Н.И.(24) од Кавадарци се превртeло на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото, а со телесни повреди се здобиле двајцата сопатници А.Н.(23) и Н.И.(24) и двајцата од Кавадарци -информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци и се работи на целосно расчистување на случајот.