Фото: Илустрација

Три деца пешаци се тешко повредени во сообраќајни несреќи што се случиле вчера на три локации во Скопје и во Прилеп.

Вчера попладне во полиција било пријавено дека на крстосницата од ул.„Марко Крале“ и ул. „Хо Ши Мин“ во Бутел, мопед „априлија рели“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.Б.(37) од Скопје, удрил во тригодишно девојче кое возело тротинет.

По незгодата, детето било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Попладнето, околу 18.45 часот било пријавено дека во село Батинци, скопско, автомобил „опел вектра“ управуван од А.Р.(32) од Скопје, удрило во седумгодишен пешак од Скопје иизбегал.

Детето било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Околу 16.30 часот, пак, во полиција било пријавено дека во село Житоше, мопед „хамачи“, без регистарски ознаки, управуван од 17-годишник, удрил во деветгодишен пешак.

Детето било пренесено во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.