Моментно има три активни пожари. Пожарот кај село Раовиќ во Сарај сѐ уште е активен и утрово се забележува чадење на сртот од планината кон Матка, како и од осојот на линијата помеѓу Буковиќ спрема Чајлане. Во текот на вчерашниот на негово гаснење се интервенираше од воздух со  два армиски хеликоптери, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на денешната прес-конференција.

Пожарот во атарот на селата Ракле – Никодин – Топлица, во општина Прилеп, е со слаб интензитет. Засега нема опасност од негово проширување или загрозување на населени места. На терен е испратена и екипа од НШ Прилеп за да ја увиди состојбата.

Избил нов пожар на местото на кое претходно беше изгаснат огнот во Нивичани, Струмичко, додека пожарот во атарот на село Барово кај Демир Капија е целосно изгаснат.