Тринаесетгодишно момче е повредено во сообраќајна несреќа што се случила синоќа вo 20:00 часот на крстосница од бул.„Никола Карев“ и ул. „362“ во Скопје.

Како што е наведено во полицискиот билтен, патничко моторно возило ,,Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Т од Скопје, а управувано од засега непознато машко лице, удрило во Л.А (13) од Скопје. Возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

По незгодата , Л.А.се упатил во неговиот дом, а потоа негов роднина го однел во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му се констатирани повреди, а по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

За сообраќајната незгода известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.