Дваесет и двегодишен кумановец и тримесечно бебе се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на железничката пруга Градско-Велес, кога товарен воз удрил во нивниот автомобил.

Според информациите од МВР, автомобилот претходно излетал од патот и паднал на пругата по што возот удрил во него.

Во автомобилот, покрај 22-годишниот возач и бебето, биле и тројца сопатници. Сите веднаш биле пренесени во Медицински центар Велес, при што кај возачот Б.Д. и бебето биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај останатите сопатници се констатирани телесни повреди.

Во периодот од 19.05 до 23.40 часот, за време на вршење на увидот, железничкиот сообраќај бил во прекин.