Петгодишно дете од Скопје добило тешки повреди кога во него удрил автомобилот на татко му, чија рачна сопирачка ја спуштил две години помладиот брат.

Како што информираат од МВР, во попладневните часови на 26 септември, таткото на двете деца го запрел автомобилот „опел астра“ за да пренесе товар, при што тригодишното дете ја спуштило рачната сопирачка на возилото, а тоа се придвижило и со предното тркало удрило во неговиот петгодишен брат, кој бил на улицата Лука Геров.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.