Фото: Илустрација

Во струмичкото село Зубово вчера во попладневните часови се случил инцидент во кој загинал 66-годишен тракторист.

Според пријавата во МВР, 66-годишникот од Зубово со трактор работел во нива под пластеници, кога една метална шипка од пластеникот се откачила и го удрила во задниот дел на главата, по што починал.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на семејството за погреб.