Шеесет и тригодишен жител на беровското село Русиново управувајќи трактор, изгубил контрола и се превртел, на месноста викана Губеник.

Трактористот А.Г. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош Берово бил пренесен во Клиничката болница Штип, каде што му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Берово.