Во регионот на Кавадарици синоќа и рано утрово се случиле две одделни сообраќајни несреќи во кои животите ги загубиле двајца трактористи на возраст од 33 и 69 години.

Синоќа, околу 21.15 часот на регионалниот пат Кавадарци – село Росоман се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „пежо“ управуван од П.М. (38) и трактор, управуван од М.З.(33), двајцата од Кавадарци.

Во незгодата починал возачот на тракторот, а возачот и сопатничката од автомобилот се здобиле со телесни повреди.

Втората незгода се случила рано утрово, а во полиција било пријавено дека на влезот во Кавадарци, 69-годишник, управувајќи трактор, изгубил контрола и се превртел, при што починал на местото.