Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, сам дојде на рочиште за предметот „ТНТ“, без полициско спроведување. Неговиот адвокат Јовица Страшевски вчера тврдеше дека Трајковски нема добиено покана, па затоа, не дошол на судењето. Потоа, по завршување на работното време на судот, преку соопштение ги извести медиумите дека Трајковски нема покана ни за денешното рочиште.

Претходно, Трајковски не се појавуваше на судењата за „ТНТ“ бидејќи тврдеше дека бил натепан, па потоа, поради лекување на повредите. Судијата Огнен Ставрев вчера побара Трајковски да биде стражарно приведен.

Судењето вчера беше одложено затоа што Трајковски не се појави на судењето.