Поранешниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, е денешниот сведок предложен од одбраната на првообвинетиот во предметот „Рекет“, Бојан Јовановски. 

На последното рочиште сведочеше адвокатот Васил Димишков, кој е брат на судијката од претходна постапка, Весна Димишкова, која му одреди мерка притвор на Јордан Камчев, обвинет во случајот „Империја”.

Димишков истакна дека Зоран Милевски и Ана Камчева побарале од него да се приклучи во тимот адвокати во одбрана на Камчев. Откако размислил дека може да биде злоупотребен во понатамошната судска постапка поради позиција на неговата сестра, тој на Милевски и Камчева им побарал поголема сума за адвокатска награда, со намера да се ослободи од нив.

Судскиот предмет за случајот „Рекет” e во фаза на презентација на вербални докази од страна на одбраната.