фото илустрација

Двајца машиновозачи се повредени откако товарен воз синоќа удрил во одрон на пругата Скопје – Велес, во близина на станицата „Рајко Жинзифов“ пред Велес.

Според првичните информации, композицијата налетала на одронот и удрила во него, а од силината на ударот локомотивата излетала од шините и удрила во метален столб покрај пругата.

Машиновозачот и неговиот помошник се здобиле со повреди и веднаш биле префрлени во велешката болница.

Железничкиот сообраќај од Скопје кон Гевгелија е во прекин.