Тинејџер нападнал полицаец во скопската населба Кисела Вода кога му побарале лична карта за легитимација.

Кога одбил да покаже легитимација, тој почнал да се однесува агресивно и физички да се пресметува со еден од службениците. Од МВР велат дека 18-годишникот е приведен во полициска станица.

– Полициски службеници го лишиле од слобода М. Н. (18) од Скопје, кој при легитимирање, поради агресивно однесување кон едно лице, почнал агресивно да се однесува и кон полициските службеници и физички нападнал еден од нив оштетувајќи го стаклото од влезната врата на станбена зграда – велат од МВР.

Против него ќе биде поднесена и пријава по документирање на случајот.