И.Т. (54) од село Бегниште добил тешки повреди откако се превртел тракторот со кој работел, соопшти денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Настанот се случил во петокот попладне, во 16:30 часот, додека И.Т. вршел земјоделски работи во своето лозје во атарот на селото. По укажана лекарска помош во Општата болница Кавадарци, тој е препратен на лекување во скопските клиники.

Според Додевски, извршен е увид на местото на настанот.