На улицата „Индира Ганди“ во Скопје вчера со сообраќајка бил повреден пешак.

Од МВР информираат дека несреќата се случла во 13 часот кога патничко возило „Форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш.(23) од Скопје, удрило во пешакот С.Д.(57) од Скопје.

С.Д. се здобила со тешки телесни повреди и со истото возило била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.