Триесетгодишен моторџија од Куманово се здобил со тешки телесни повреди, откако излетал од патот. Укажана му е лекарска помош, при што поради сериозноста на повредите е префрлен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

-На 04.06.2019 во 17.30 часот на локалниот пат с.Клечовце-с.Стрезовце, на место викано „Калиште“, општина Старо Нагоричане, мопед „Јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.К.(30) од Куманово, излетал од патот и се здобил со тешки телесни повреди- е наведено во дневниот билтен на МВР.

По укажаната лекарска помош во болницата во Куманово бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.