Вчера во 20.10 часот на автопатот Скопје – Тетово на место викано „Студена Вода“ 33-годишен мотоциклист од Тетово излетал од патот.

-С.А.(33) од Тетово управувајќи моторцикл „Сузуки“ изгубил контрола над истиот и излетал од патот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Тетово-информираат од МВР.

Поради сериозноста на повредите мотоциклистот бил префрлен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.