Мотоциклист управуван од 24 -годишно лице од село Љубанци, удрил во велосипедист, по што се дал во бегство, информира МВР.

-На 06.07.2019 во 7.50 часот на крстосница од улиците „Димитрија Чуповски“ и „Даме Груев“, мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ч.(24) од село Љубанци, скопско, удрил во велосипед управуван од О.И.(45) од Скопје. По незгодата мотоциклистот го напуштил местото- е наведено во соопштението на МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил О.И. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.