Во неготинското село Курија вчера околу 18 часот автомобил удрил во 9-годишно дете на велосипед.

-Патничко моторно возило „Фолксваген Шаран“ со кавадаречки регистерски таблици управувано од Ќ.А.(22) од с.Курија удрило во велосипед, управуван од деветгодишно дете од с.Курија. Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди по што со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Медицинскиот центар во Кавадарци, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица во Неготино и се работи на целосно расчистување на случајот.