Дваесетгодишно момче вчера бил тешко повреден откако со мепед удрило во автомобил.

-Вчера, на крстосница од улица „Сотка Ѓорѓиоски“ и улица „Стеван Димоски-Ништако“ во Прилеп се случила собраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.М. 28-годишен од Прилеп и мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од Ц.Ц (20) од Прилеп, информираат од МВР.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот на кого му била укажана лекарска помош во болницата во Прилеп. Извршен е увид на местото.