Малолетник на возраст од 11 години е тешко повреден во сообраќајка несреќа која се случила вчера околу 15.30 часот во скопско Дељадровце.

– Сообраќајна незгода се случила помеѓу мотоцикл „Хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од 11-годишник од село Дељадровци и автобус „ЛАЗ“ со скопски регистарски ознаки, линија бр.66, управуван од М.Б. (48) од истото село – инфомормираат од МВР.

Од незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „СВ.Наум Охридски“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.