Автомобил вчера на улицата „Владимир Полежановски“ во Скопје удрил во малолетно девојче, нанесувајќи му тешки повреди.

Малолетничката била пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.