Шеесет и седумгодишна жена е тешко повредена откако во неа удрил автомобил на крстосницата од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов” и улица “9-ти Мај” во Скопје.

Како што соопшти МВР, М.С.(39) од Скопје управувајќи автомобил „фолксваген” удрил во Л.К.(67) од Скопје. На Л.К. и е укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Тешко повредена е и седумдесет и едногодишна жена откако во неа удрил автомобил на улицата „Методија Митевски Брицо“ во Делчево.

Инцидентот се случил вчера околу 12.40 часот, а возилото го управувал 33-годишен жител на делчевското село Драмче.

Во незгодата Б.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клинички центар – Штип за укажување лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.