Во утринските часови на 19 мај во тетовската полиција било пријавено дека во Маврово, поточно на двосед-патеката во ски-центарот „Заре Лазарески“, О.Ц. (54) од Скопје, управувајќи четирицикл, сопственост на ски-центарот, изгубил контрола и се превртел.

Во незгодата, тој и сопатникот М.Д. (45) од Битола, двајцата вработени во ски-ценарот, се здобиле со тешки повреди, констатирани во медицински установи во Скопје.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.