Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во село Орашје, тетовско.

Од МВР информираат дека вчера околу 12.40 часот било пријавено дека пред влезот во село Орашје – тетовско, дошло до судар помеѓу патничко возило „Форд транзит“ со тетовски регистарски таблици, управувано од З.М. (59) од Старо Село-тетовско и патничко возило „Нисан“ со тетовски регистарски таблици, управувано од М.Х. (55) од с.Орашје- тетовско.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Нисан“, кој бил пренесен во тетовската клиничка болница, каде му била укажана лекарска помош. Со телесни повреди се здобил и возачот на возилото „Форд“, кој бил задржан за лекување во болницата, додека двајцата сопатници од истото возило се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.