На улица „Јадранска магистрала“ во Скопје вчера околу 7.40 часот се случила сообраќајна несреќа во која едно лице било тешко повредено. 

Од МВР информираат дека сообраќајна незгода се случила помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(28) од село Сингелиќ, скопско и патничко возило „Хонда сивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(35) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Ј.. Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје и по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.