фото илустрација

Две лица загинаа кога џип излетал од патот Миладиновци-Кадино и се превртел во одводен канал.

Како што соопшти полицијата, во несреќата загинале маж и жена.

Според истиот извор, вчера во периодот од 01:00 до 06:00 часот на локалниот пат село Миладиновци-село Кадино, патничко возило „Џип Гранд Чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(72) од село Долно Лисиче, излегло надвор од коловозот и паднало на покривот во одводен канал.

Од здобиените повреди на местото на настанот починале З.Д. и сопатничката С.Д. (68) од Скопје. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.