Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера на магистралниот пат Градско – Прилеп во близина на бензинската пумпа “Лукоил“.

Во несреќата учествувале товарно моторно возило „Даф“ со приколка „Коегел“, со радовишки регистерски таблици управувано од Ј.П.(26) од Радовиш и патничко моторно возило „Фиат Фиорина“ со прилепски регистерски таблици, управувано од П.Т.(51) од Прилеп. 

Oд здобиените повреди на местото на настанот починал возачот П.Т..

Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција и се работи на целосно расчистување на случајот.