Фото: Игор Бансколиев

Денеска во Тетово имаше неколкучасовниот протест, на кој демонстрантите бараа правда и одговорност за жртвите кои загинаа во пожарот во модуларната болница. Протестот започна во центарот на градот, а потоа демонстрантите се упатија кон општинската зграда, кон која фрлаа јајца.

Демонстранти се упатија и кон седиштето на ДУИ, но полициски кордони во Мала Речица не дозволија тие да стигнат пред седиштето на партијатa, каде што ситуацијата беше тензична.

Од владејачката ДУИ, пак, обвинуваат дека протестот бил организиран од опозицијата и повикаа тие да не си играат со чувствата на граѓаните.

За време на протестот се повредени неколку полицајци, а лишени од слобода беа двајца демонстранти.

Опожарената модуларна болница сѐ уште ја обезбедува полицијата, а германски експерти се вклучија во истрагата.