Тетовската полиција приведе 76-годишен маж по претходно добиена пријава дека тој пукал кон деца собрани пред зградата во која живее.

Како што информираат од МВР, синоќа околу 22 часот, од балкон на зграда на тетовската улица Железничка, 76-годишникот со воздушна пушка стрелал кон малолетниците. Притоа, тој погодил еден малолетник кој се здобил со повреди, по што би пренесен во Клиничката болница во Тетово.

Тетовецот истакнал дека делото го сторил поради вревата што ја правеле децата пред зградата. За случајот известен е јавен обвинител и се работи на целосно расчистување.