СВР Тетово поднесе кривични пријави против Л.Ј. (35), У.С. (23), М.Ф. (30), А.П. (26), Ф.С. (51), Ф.С. (45), Ј.П. (33), Ј.С. (31), А.И. (30), сите од селото Слатино, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Од полицијата информираат дека тие за време на полициски час се забавувале и запалиле оган на улица на главниот пат село Слатино – Тетово.